Противникот на Перез не го сака Мурињо - има други планови!
Една од поважните теми во овој момент во Реал Мадрид е и новиот тренер. Флорентино Перез сака да го врати Жозе Мурињо, но ставот на Енрике Рикелме е поинаков.
„Мурињо е одличен тренер, но ние сметаме дека на Реал Мадрид му треба долгорочен проект за иднината, а не кратко решение. Ние треба комплетно да го промениме нашиот курс со среднорочни и долгорочни проекти. Јас не сум Мурињиста, не сум анти-Мурињиста, јас сум Мадридиста“, вели Енрике Рикелме.
Ваквиот став на Рикелме не наиде на симпатии од страна на фановите на Реал Мадрид, од една причина што тие го сакаат Мурињо, а од друга што веќе се покажа дека долгорочен проект со млад тренер е тешка мисија во кралскиот клуб. Фановите сакаат резултати веднаш.