Ноќ со големи емоции: Монфис го одигра последниот меч на Ролан Гарос! (ВИДЕО)
Емотивна ноќ во Париз, Гаел Монфис синоќа се збогува од Ролан Гарос, а својот последен меч му беше против сонародник, па француската публика уживаше во претставата.
Гастон ги доби првите два сета со 6-2 и 6-3, но Монфис успеа да се врати со 6-3 и 6-2 и да израмни на 2-2 во сетови. Сепак немаше сила во решвачкиот, помладиот тенисет го доби тој сет со 6-0 и дојде до триумф од 3-2.
По мечот имаше посебно сценарио за Монфис. На теренот му се придружија пензионираните Французи, Жо Вилфрид Цонга, Ришар Гаскет и Жил Симон.
Неговата сопруга, тенисерката Елина Свитолина не можеше да ги сокрие солзите.
За Монфис ова беше последен меч на Ролан Гарос, а наскоро треба да стави крај и на тениската кариера.