Неочекуван кикс на ПСЖ - сега и титулата е во опасност (ВИДЕО)
„Светците“ имаа можност да избегаат на четири бода предност Ленс со натпревар помалку, но киксираа пред своите навивачи за втор пораз во последните три меча на домашен терен. Изненадувањето го најави Ендрик во шестата минута, а во 18. Мореира се погрижи за 2-0 за гостите.
Можеби конечниот исход ќе беше поинаков ако Рамос во 33. минута погодеше од белата точка, но беше непрецизен, а уште еден проблем беше повредата на Витиња во финишот првото полувреме. Лион успеа да се одбрани речиси цело второ полувреме, а дури во 94. минута Кварацкелија постигна почесен гол за ПСЖ, недоволен барем за бод.
ПСЖ има уште шест меча до крајот на сезоната, а клучен ќе биде оној против Ленс на гостински терен, на 13 мај.