Арсенал потона во Манчестер, Сити има сѐ во свои раце во борбата за титулата (ВИДЕО)
„Топчиите“ повторно одиграа кукавички, очигледно обидувајќи се да не загубат со што би останале на пол-позицијата. Сепак, тоа не им успеа, Сити заслужено славеше и со натпревар помалку се доближи на три бода од Арсенал,.
Да не беше киксот на Џанлуиџи Донарума, прашање е дали Арсенал воопшто ќе успееше да постигне и еден гол. Шерки со фантастична соло акција го отвори резултатот во 16. минута, но веќе во следната акција италијанскиот голман направи неверојатна грешка и му овозможи на Хаверц експресно да израмни. Тоа му дојде одлично на Арсенал кој уште повеќе се затвори и ретко имаше излети на противничката половина.
Во вториот дел двете екипи имаа шанси за гол, но за победа погоди Халанд во 65. минута кој беше прецизен од десетина метри. Арсенал во финишот изврши инвазија кон противничкиот гол, ама не успеа да го најде патот до мрежата за израмнување.
Сега Сити има се во свои раце и со шест победи до крајот на сезоната, најверојатно ќе ја освои шампионската титула. На првото место може да застане веќе в среда ако го победи испаднатиот Барнли бидејќи има во гол разликата има еден гол помалку од Арсенал, но со повеќе постигнати погодоци. Нема да биде изненадување ако за титулата одлучува токму гол-разликата.