Борбениот Спартак ги намачи и „лавиците“, но куп-трофејот остана во Ѓорче (ФОТО)
Спартак вчера приреди сензација против Чаир, а се бореше и денеска, сепак против поквалитетниот состав на Ѓорче Петров немаше сили за уште едно изненадување.
Тимот од Кисела Вода добро го отвори натпреварот и поведе со 3-1, сепак во продолжение контролата ја презема фаворитот. Но, се до финишот од првиот половина час разликата најчесто беше еден до два гола предност.

Во последните минути од првиот дел „лавиците“ од Ѓорче успеаја да дојде до „плус четири“ и со 18-14 заминаа на паузата.
Второто полувреме донесе подобра игра на фаворитот кој стигна и до највисоките шест голови разлика во натпреварот. Но, борбениот тим на Спратак не се откажуваше и во последните десет минути одново дојде на два гола негатива (27-29).

Спартак стигна и на двапати до гол негатива во завршницата, меѓутоа за целосен пресврт немаа сили, па Ѓорче Петров го одбрани трофејот.
Ќе потсетиме, денешното финале беше прво во клупската за тимот на Спартак, па секако за нив овој пласман веќе беше успех.