Драма во Куманово: Фудбалерите на Струга се заробени, чекаат полиција да ги извади од стадионот (ВИДЕО)

Ужасно трето полувреме во моментов се одвива на стадионот во Куманово, каде што попладнево фудбалерите на Струга убедливо го совладаа Башкими, откако по завршување на средбата дојде до големо кошкање меѓу играчите на теренот, а потоа челниците на домашниот клуб вербално ги нападнале гостите и буквално ги заклучиле во нивната соблекувана.

Информациите од таборот на стружани велат дека никој од нивниот табор не бил удрен, но дека безбедноста им била загрозена, а биле и изложени на вербални навреди и пцовки.

Поради страв од ескалација на инцидентот, тие чекаат помош од припадниците на специјалната единица на полицијата со цел мирно и без проблеми да излезат од стадионот, а потоа и да го напуштат Куманово.

За Башкими ова е уште една голема дамка по враќањето во Првата лига, откако во повеќе направи овој клуб беше посочен за местење резултати за што се соочува со ригорозни казни не само од ФФМ туку и од УЕФА, но и од истражните органи во државата.