Македонија ѝ пресуди на Грција и се пласира на ЕП 2027!
Првото полувреме помине без многу погодоци, односно Македонија замина на паузата со предност од 9-8, додека во вториот дел заигра многу подобро во одбраната и стигна до важен триумф (18-13).
Кадетките на Македонија претходно триумфираа над Косово, а запишаа пораз против Литванија.
Најефикасна во македонскиот тим беше Ана Стојчевска со пет голови, додека Анастасија Цимура постигна четири погодоци за Грција.