Драматично дерби на „Емирати“: ВАР го спаси Арсенал, Манчестер сити ќе „грми“ (ВИДЕО)

Дербито меѓу Арсенал и Манчестер сити на „Емирати“ заврши без победник (2-2) во 12. коло од англиската Премиер лига.

Манчестер сити го отвори резултатот во 34. минута кога Ерлинг Халанд ја затресе мрежата на Раја за предност од 1-0. Арсенал, сепак, веднаш го возврати ударот по одлична акција која беше крунисана со гол од Каи Хаверц.

Енцо Фернандез со прекрасен гол ги враќа „граѓаните“ во предност во 48. минута, по што Јуриен Тимбер го постигна голот за израмнување во завршницата од мечот.

Регуларноста на голот на Тимбер беше проверена од ВАР-технологијата зашто најпрво постоеше контакт со голманот Донарума, а потоа се прегледуваше игра со рака. Сепак, судиите не видоа ништо спорно и го признаа погодокот.

„Граѓаните“ имаа голема шанса за гол во судиското надополнување кога Ѓокереш играше со рака, но судијата не досуди пенал.

Арсенал останува лидер во лигата со 29 бодови, по што следи Манчестер сити со 23 поени.