ТФТ загуби еден од најдобрите кошаркари во македонската лига!
Сила беше еден од најдоминантните кошаркари во македонското првенство, со просек од 21 поен и 14 скока на осум натпревари. Неговиот индекс на корисност од 31,3 беше убедливо највисок во лигата, што доволно говори за влијанието што го имаше во играта на ТФТ.
Неговото место во тимот од Тафталиџе би требало да го пополни Исмаел Саного, 30-годишен кошаркар од Брегот на Слоновата Коска, кој настапувал за Кремона, Арис и Маруси.
Саного минатата сезона ја пропушти поради тешка повреда, а моментално тренира со Промитеeас и се очекува да ги финализира преговорите со ТФТ.