Во меч со 70 гола, Вардар го преслуша и вториот тим на Пелистер!
Вардар го отвори натпреварот со 5-2, но Пелистер 2 одговори и стигна до израмнување (6-6). „Црвено-црните“, сепак, ја преземаа контролата и на полувреме стигнаа со солидна предност од пет погодоци (17-12).
Двете екипи беа расположени во нападот и во вториот дел од натпреварот, а посебно разигран беше скопскиот тим кој ја полнеше мрежата на битолчани до 39-31.
Најефикасни во победата беа Леон Љевар и Марио Стојановски со по осум голови, додека Христијан Митревски запиша седум погодоци за Пелистер 2.
По 12 одиграни кола, Вардар е лидер со максимални 24 бодови, по што следи Алкалоид со 20, а по 19 имаат Пелистер и Охрид.
На останатите натпревари, Прилеп славеше против Куманово со 25-19, додека Младост 1977 и Бутел ремизираа (30-30).