Алкалоид загуби во реваншот од Горење, но обезбеди осминафинале во ЕХФ Купот!

Македонскиот тим Алкалоид загуби во реваншот против Горење со 29-23, но благодарение на победата од првиот меѓусебен дуел (32-23) обезбеди пласман во осминафиналето на ЕХФ Купот.

Словенечката екипа беше подобар противник во првото полувреме, откако во завршницата успеа да врзе неколку погодоци и да поведе со 13-11.

Горење во вториот дел го засили темпото, а со тоа продолжи да ја зголемува предноста над Алкалоид за на крајот да слави со 29-23.

Најефикасен во редовите на Алкалоид беше Нејц Цехте со шест погодоци, додека Тилен Соколиќ запиша шест голови за Горење.

Охрид претходно обезбеди пласман во осминафиналето, откако без поголеми проблеми го совлада литванскиот Драгунас Клаипеда.