Спалети ќе биде бесен: Јувентус доживеа дебакл во Комо (ВИДЕО)

Комо го декласира Јувентус со 3-0, Коло Муани го остави тимот на цедило по само пет минути!

Фудбалерите на Комо приредија големо изненадување во 13. коло од Серија А, откако го совладаа Јувентус со убедливи 3-0.

Натпреварот доби неочекуван тек уште во петтата минута, кога Рандал Коло Муани доби директен црвен картон.

Комо ја искористи предноста од фудбалер повеќе и во судиското продолжение од првото полувреме стигна до водство преку Нико Паз.

Во вториот дел домаќините продолжија со офанзивната игра, а во 63. минута Тасос Дувикас ја затресе мрежата за 2-0. Грчкиот напаѓач повторно се запиша меѓу стрелците во 80. минута, кога го постави конечниот резултат од 3-0.

Фото: Facebook/Como 1907