Сензација: Првпат по 25 години Грција не избори пласман на СП!

Кошаркарите на Грција доживеаја вистински шок во квалификациите за Светското првенство (СП) во 2027 година, откако загубија со 74-83 од Шпанија, а со тоа згасна последната надеж за место меѓу најдобрите во светот.

Првото полувреме помина со израмнета игра, а Шпанија на паузата замина со предност од 41-40, по што следеше ужасната трета четвртина за јужниот сосе во која постигна 13 поени, а тоа им овозможи на Шпанците да стигнат до недостижна предност.

Толиопулус беше најефикасен кај Грците со 21 поен, четири скокови и пет асистенции, додека Алонсо запиша 14 поени за Шпанија.

Само една година по освојувањето на бронзениот медал на Евробаскетот, репрезентацијата на Василис Спанулис доби голем удар. Грција за првпат од 2002 година нема да настапи на Мундијалот, што значи дека во Катар нема да биде присутна ниту една од најголемите ѕвезди во светската кошарка, Јанис Антетокумпо.

Фото: Facebook/Baloncesto España