Спартак го има првиот стрелец и најдобриот голман на турнирот, Гугуљанова МВП!

Иако трофејот повторно заврши во редовите на ЖРК Ѓорче Петров, сепак признанија имаше и за Спартак кој го прослави својот најголем успех во клупската историја со пласмано во финалето.

Ракометарката Сузана Зечевиќ стигна до признанието најдобар стрелец на турнирот, додека голманката Слободанка Кицевска беше прогласена за најдобра на својата позиција на завршниот турнир.

Сепак, главното признание за МВП на турнирот ѝ припадна на македонската репрезентативка од редовите на Ѓорче, Марија Гугуљанова.