Лазаревски: Вардар е број 1 во Македонија, тоа ќе го докажеме со двојна круна

Вардар ја одбрани титулата во Купот на Македонија и ја продолжи доминацијата во ова натпреварување.

Во финалниот меч го победи Охрид кој потврди дека е одлична екипа и малку недостасуваше да направи изненадување и да дојде до својот прв трофеј во историјата. Играчот на Вардар, Милан Лазаревски е презадоволен од она што се случуваше во Струмица овие денови.

„Многу тежок натпревар, вакви се сите дерби дуели кои ги игравме сезонава. Секоја чест за моите соиграчи, бевме извонредни денеска, но честитки и до Охрид, сериозен нов проект, со сериозни вложувања и сериозни амбиции.

Ништо од она што го одигра Охрид не беше нешто невообичаено, непредвидено. Едноставно, мислам дека нивниот голман немаше свој ден и тоа беше причината за нашата победа. Во други услови, мислам дека ќе беше уште поубедливо за нас, но секако станува збор за квалитетен противник.

Вардар е најквалитетна екипа во Македонија и тоа ќе го потврдиме со двојната круна оваа сезона. Чест ми е што сум дел од овој тим“, рече пикерот на Вардар.