Репрезентативците до 21 година загубија од Бугарија во Софија

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година загуби на гостувањето кај Бугарија со 0-1 во пријателски натпревар во Софија.

Првото полувреме во Софија помина без голови, по што домашниот состав стигна до предност со гол во 50. минута.

Репрезентативците на Македонија во продолжение од средбата имаа шанси за израмнување, меѓутоа Бугарија успешно го одбрани водството.

Фудбалерите до 21 година ги очекуваат уште два натпревари во квалификациите за ЕП во октомври, кои се играат против Црна Гора на 1 октомври и Шведска на 5 октомври.