Maкедонскиот тенисер Калин Ивановски ја продолжи добрата форма во последниот период и со победа денеска во Скопје над Украинецот, Орлов го освои турнирот „Македонија Опен“.

Ивановски славеше со 2-1 во сетови, а во мечот тргна фуриозно со само еден загубен гем во првиот сет кој го доби 6-1. Во вториот Орлов ја презема контролата и возврати посилно оставајќи го Калин без гем (6-0).

Сепак, со помош и од поддршката од трибините, Ивановски кога беше најпотребно се врати на високо ниво и ги доби клучните поени во последниот трет гем освојувајќи го со 6-2.

За Македонија ова е уште еден успех бидејќи вчера трофејот во двојки заврши во рацете на Обрад Марковски и Горзад Србљак.