Ивановски: Голема е честа да се победи пред домашната публика, многу ми помогнавте!

Калин Ивановски денеска во Скопје со победата над Украинецот, Владислав Орлов го освои турнирот „Македонија Опен“ и така ја продолжи добрата форма во која игра по враќањето на терените.

Во изјавата по мечот, Ивановски изрази задоволство што успеа да освои трофеј пред домашната публика која му даваше огромна поддршка во Скопје.

„Многу сум среќен што се вратив на терените по повредите и тешкиот период. Голема чест е да играм тука пред нашата публика, ми давате многу мотивација и ми помогнавте да го освојам турнир. Благодарност и до организаторите, тренерот...сите кои ми помогнаа.

Ова е само еден турнир и треба да се продолжи да се работи, мојата цел е да играм грен-слемови, па ова е само еден мал чекор кон тоа“, порача Ивановски.

Ќе потсетиме, Македонија вчера прослави победа и во двојки, таму триумфираа Обрад Марковски и Горзад Србљак.