Ибра за натпреварот на Франција и Парагвај: Ако јас играв, некого ќе испратев болница!
Францускиот селектор Дидие Дешан и неговите фудбалери беа незадоволни од грубата игра на Парагвајците. Иако јужноамериканската репрезентација направи 13 прекршоци, не доби ниту еден жолт картон, додека Французите за 11 прекршоци заработија три жолти картони.
„Ова беше поинаков предизвик за Франција. Најважно беше да не дозволат да бидат испровоцирани, да останат смирени и да не наседнат на триковите на Парагвај. Јас на ваков натпревар ќе добиев четири црвени картони, а можеби и некого ќе испратев во болница. Но, што е, тука е“, изјави Ибрахимовиќ.
Тој додаде дека не ја поддржува таквата игра.
„Сакам вистински фудбал. Не сакам кога некој намерно провоцира, затоа што тоа не треба да биде дел од играта. Французите покажаа смиреност, останаа опуштени и го направија она што требаше. Одговорија со насмевка, постигнаа гол, победија и потоа заедно со своите навивачи ја прославија победата. Тоа е најдобриот можен одговор“, порача Ибрахимовиќ.
Zlatan speaks on the composed performance France displayed against Paraguay 🇫🇷@Ibra_official pic.twitter.com/LEidzSGePh
— FOX Sports (@FOXSports) July 4, 2026
Фото: Zlatan Ibrahimovic/FB