Двајца фудбалери на Вардар испратени на позајмица, уште еден може да им се приклучи

На два дена пред првиот натпревар против Купс во воведното квалификациско коло за Лигата на шампионите, Вардар соопшти дека останал без двајца фудбалери, а можно е да им се приклучи уште еден.

Мануел Куестас замина на позајмица во црногорскиот прволигаш Језеро и денеска ќе се приклучи на подготовките на тимот за новата сезона. Покрај него, позајмен е и Или Зибери кој претстојната натпреварувачка кампања ќе го носи дресот на Тетекс.

На позајмица би можел да замине и Ибрахим Оласебикан за кого се заинтересирани прволигашите Скопје и Арсими.