Парагвајците ги „претепаа“ француските фудбалери, па ги провоцираа и по мечот (ВИДЕО)

По многуте драматични моменти во чисто фудбалскиот аспект на Светското првенство во 2026 година, синоќа Парагвај и Франција го одиграа најнервозниот меч во досегашниот дел од шампионатот.

Парагвајците одлучија со грубости да се обидат да ја елиминираат разликата и да го запрат светскиот вицешампион, па направија бројни прекршоци и предизвикаа индивидуални судири со противничките фудбалери. Провокациите продолжија и по последниот свиреж на главниот судија.

Голманот Орландо Хил ја фрли топката кон ѕвездата на „петлите“ Килијан Мбапе, додека фудбалерот на Реал му беше свртен со грб. Сепак, Французинот одлучи да не одговара на провокациите, туку се упати кон централниот круг, каде што тргна и Хил, а каде што се наоѓаа и останатите фудбалери.

Статистиката од овој меч е многу интересна. И покрај тоа што играа неверојатно грубо и дури „ на нож“, на парагвајските фудбалери им се досудени само два фаула повеќе отколку на Французите (13-11), а не добија ниеден жолт картон, за разлика од противникот кај кого „пожолтеа“ Баркола, Коне и Олисе.