Добри вести за Бразилците пред дуелот со Норвешка: Рафиња ќе биде во тимот
Иако претходните информации говореа дека за Рафиња е завршен Мундијалот поради повреда, фудбалерот на Бразил сепак ќе биде во конкуренција за настап на овој меч. Тој заздрави од повредата и учествуваше на последните два тренинги, па би можел да биде опција на клупата против Норвешка.
„Рафиња се развива многу добро, не е 100% подготвен, но може да биде достапен на клупата и да игра неколку минути или да биде корисен во одредени периоди. Се опорави многу добро и многу брзо, среќни сме поради тоа бидејќи Рафиња е многу важен за тимот“, рече Анчелоти.
Рафиња цела година се мачи со повреди, уште во август влезе во проблеми и во штотуку завршената клупска сезона пропушти 24 натпревари.