Голманот на Зеленортски Острови има повеќе дриблинзи на Мундијалот од Роналдо
Во морето статистички податоци од тековниот турнир во САД, Мексико и Канада, еден што се издвојува е дека голманот на „сините ајкули“ досега има комплетирано повеќе дриблинзи на турнирот од Кристијано Роналдо!
Харизматичниот голман на африканската репрезентација успеа да забележи еден дриблинг на натпреварот против Аргентина, во поразот од 3-2, кога, со многу ризик, го надмудри противничкиот напаѓач Лаутаро Мартинез. Претходно имаше уште еден, па со два дриблинга на четири натпревари е подобар од Кристијано Роналдо, кој сè уште не извел ниту еден дриблинг на турнирот, а сè што постигна (читај голови) успеа благодарение на асистенциите од своите соиграчи.
Секако, тој постигна три гола, но сè уште не завршил ниту еден дриблинг и го надмудрил противникот со тој индивидуален потег.