Анчелоти даде урнебесен одговор на прашање за Нејмар
Бразилските новинари постојано бомбардираат со прашања за Нејмар, па дел од нив се многу нелогични.
„Ако бевте свесни дека повредата на Нејмар е од втор степен, дали ќе го повикавте за Светското првенство“, праша новинарот.
„Ако дедо ми имаше тркала, ќе беше автомобил“, одговори Анчелоти и ги насмеа сите во салата.
Ситуацијата со Нејмар е неизвесна, големи се шансите да не биде спремен и за првиот меч на Светското првенство, но Анчелоти ќе го води на Мундијалот, нема да повика негова замена.