Рекорд на Ѓоковиќ - никој нема повеќе победи од него на Вимблдон!
Со минатата победа Ѓоковиќ се изедначи со Федерер со по 105 победи, а со денешниот триумф го надмина Швајцарецот, Србинот сега има 106 победи и е прв на оваа листа.
Денешниот меч против Сафиулин го почна со тежок сет, се играше тајбрејк во кој беше подобар со 8-6 и поведе со 1-0.
Новак го доби вториот сет со 6-3, но идентично врати неговиот противник во следниот сет и намали на 2-1.
Четвртиот сет му припадна на Ѓоковиќ, повторно со 6-3, со што ја завери победата од 3-1.
Во четвртфиналето Ѓоковиќ ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Оже-Алиасим и Давидович Фокина.