Анчелоти: Нејмар и Винисиус може да играат заедно и - ќе играат!

Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, во пресрет на дуелот со Норвешка вели дека Нејмар е подготвен да игра 90 минути.

Вечерва од 22 часот Бразил игра против Норвешка осминафинале, Нејмар не настапи на претходниот дуел, па јавноста сака да знае дали ќе игра вечерва.

„Нејмар може да игра 90 минути и може да игра со Винисиус. Мислам дека тие ќе играат заедно“, рече Анчелоти.

И покрај ваквата изјава на Дон Карло, не се верува дека Нејмар ќе биде стартер заедно со Винисиус. Пореално е тој да влезе во текот на мечот.