Бразил направи една промена, Норвешка ќе излезе во најсилен состав (ФОТО)

Фудбалерите на Бразил и Норвешка вечерва од 22 часот ќе се соочат во осминафиналето на Светското првенство (СП), а селекторите ги објавија и составите за спектаклот.

Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти направи една промена поради повредениот Лукас Пакета, кој ќе биде заменет од Габриел Мартинели, додека Нејмар ќе чека шанса од клупата.

Норвежаните, од друга страна, ќе излезат во најсилен можен состав, а тимот ќе го предводи Ерлинг Халанд.

Бразил ќе настапи со Алисон, Данило, Маркињос, Габриел, Даглас Сантос, Рајан, Бруно Гимараеш, Касемиро, Мартинели, Куња и Винисиус.

Норвешка ќе игра со Ниланд, Ријерсон, Ајер, Лисакер Хегем, Волфе, Одегард, Берге, Берг, Нуса, Серлот и Халанд.

Фото: Confederação Brasileira de Futebol