Ѓоковиќ го дозна ривалот во четвртфиналето на Вимблдон

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го продолжува патот кон нова гренслем-титула, а во четвртфиналето ќе се соочи против Феликс Оже-Алијасим кој вечерва славеше против Алехандро Давидович-Фокина со 3-2 во сетови.

Тенисерот од Канада со пресврт успеа да го елиминира незгодниот Шпанец и така да си закаже уште еден натпревар против Ѓоковиќ во кариерата.

Овие тенисери досега се соочиле два пати во кариерата, и тоа во 2022 година. Ѓоковиќ славеше на мастерсот во Рим со 2-0 во сетови, додека Оже-Алијасим му се реваншира во Лејвер купот.