Роналдо: Ова ќе биде последен Мундијал во мојата кариера!

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо на прес-конференција потврди дека игра на последниот Мундијал во неговата кариера.

Новинарите ги интересираше дали Роналдо планира да настапи и на следното Светско првенство (СП), по што Португалецот кажа дека донел конечна одлука за иднината.

„Уживам во Светското првенство. Ова ќе биде мој последен Мундијал во кариерата, одлуката е донесена“, кажа Роналдо.

Фото: Seleções de Portugal