Челси му продаде фудбалер на Евертон за 28 милиони евра

Светскиот клупски шампион Челси заработи 28 милиони евра, откако му го продаде Тајрик Џорџ на Евертон.

Англискиот фудбалер пристигна кај Дејвид Мојс во Евертон во јануари, а за „карамелите“ настапи на 11 натпревари.

По завршување на позајмицата, Евертон реши да го откупи неговиот договор за 28 милиони евра.

Ова ќе биде трето засилување за премиерлигашот, откако претходно ги ангажира Мерлин Рол од Фрајбург и Хејден Хекни од Миделсбро.

Фото: Everton Football Club