Сензација: Бразил си оди дома, Норвешка е четвртфиналист (ВИДЕО)
Бразил имаше голема шанса за предност во 14. минута, меѓутоа Бруно Гимараеш не реализира пенал, односно голманот Ниланд му го одбрани ударот.
Избраниците на Карло Анчелоти продолжија со шансите пред голот на Норвешка, па така Ендрик во 60. минута излезе „еден на еден“ со противничкиот голман, меѓутоа го промаши целиот гол.
Ерлинг Халанд донесе водство за Норвешка во 79. минута и го приближи својот тим до четвртфинале. Бразил не се откажуваше и имаше можност за израмнување само неколку минути подоцна, но Ниланд повторно беше неверојатен.
Халанд ја запечати судбината на Бразил во 90. минута кога со својот втор гол зголеми на 2-0. Сепак, Бразил во самата завршница успеа да намали на 1-2 со погодокот на Нејмар од пенал.
Норвешка во четвртфинале ќе се бори против победникот од дуелот меѓу Мексико и Англија.
Фото: FIFA World Cup