Проклетството продолжува: Бразил не ја прекина црната серија која трае 24 години!

Бразилската фудбалска репрезентација загуби од Норвешка со 1-2 во осминафиналето на Светското првенство (СП), а со тоа го продолжи проклетството кое трае против европските селекции.

„Кариоките“ станаа светски шампиони во 2002 година, по што почна нивната црна серија против европските селекции на Мундијалите. 

Бразил во 2006 година доживеа пораз во четвртфинале од Франција, а четири години подоцна загубија од Холандија во истата рунда.

Во 2014 година Бразил беше совладан од Германија во полуфинале, а потоа загуби од Холандија во битката за трето место.

Само четири години подоцна Бразил загуби од Белгија, а потоа испадна од Хрватска на претходниот Мундијал за оваа година да биде нокаутиран од Норвешка.

Фото: Confederação Brasileira de Futebol