Синер без проблеми помина уште една пречка на Вимблдон

Италијанскиот тенисер Јаник Синер славеше против Јапонецот Шинтаро Мочизуки со 3-0 во сетови, односно 6-3, 7-6 и 6-3 за пласман во четвртфинале на Вимблдон.

Синер немаше проблеми во првиот сет кој му припадна со 6-3, додека Јапонецот даде поголем отпор во следниот сет, каде што Италијанецот славеше во тај-брејк.

Третиот сет повторно му припадна на италијанскиот тенисер со 6-3, па така Синер си избори четвртфинале на турнирот.

Синер за полуфинале на гренслем-турнирот ќе се бори против Јан Ленард Штруф.