Јагуриновски: Повеќе го посакувавме трофејот, ама направивме несфатливи грешки

Минатата сезона Томислав Јагуриновски беше прогласен за МВП на завршниот турнир од Купот на Македонија, тогаш во дресот на Вардар.

Годинава беше во улога на предизвикувач, во тимот на Охрид и малку недостасуваше да го повтори истиот успех. На крајот повторно славеше Вардар, а Јагуриновски жали за пропуштената шанса.

„Ѝ честитам на екипата на Вардар за освоениот трофејот во Купот. Мислам дека ние повеќе го посакувавме трофејот, но направивме некои несфатливи грешки во нападот, меѓу другите и она во последниот напад. Поради тоа, сметам дека Вардар заслужено дојде до пехарот“, рече репрезентативниот бек.