Репрезентативците се собраа, новата мисија почнува со дуелите против БиХ и Турција (ФОТО)

Фудбалската репрезентација на Македонија од денеска ги почнува подготовките за престојните пријателски натпревари против Босна и Херцеговина и Турција.

Избраниците на Гоце Седлоски денеска пристигнаа во хотелот „Хилтон“ кој е скопската база на нашата репрезентација. 

Македонските фудбалери кратко ќе се задржат во Скопје, брзо ќе отпатуваат кон Сараево каде во петок е закажан дуелот против Босна и Херцеговина.

Мечот против Турција го играме во Истанбул наредниот понеделник.

Со овие два натпревари вистински почнува селекторувањето на Гоце Седлоски, првата мисија е да се создаде конкурентен тим за Лигата на нации.