Олимпијката Рељиќ се закити со сребрен медал на силен турнир во Луксембург!

Македонската таеквондистка, Милијана Рељиќ, освои сребрен медал на силниот Луксембург Г-1 опен, по одличните настапи во текот на целиот турнир.

Нашата олимпијка до финалето стигна со три убедливи победи. Таа во првото коло ја совлада Германката Изабел Гифер со 2-0 во рунди, додека во вториот круг беше подобра и од Сабин Изебел од Луксембург, исто така со максимални 2-0. Македонката и во полуфиналето продолжи во ист ритам и со 2-0 во рунди ја победи Германката Сомаја Ебнутабим, со што обезбеди место во големото финале.

Рељиќ во борбата за златниот медал беше поразена од Бразилката Македо (0-2), но и покрај тоа оствари уште еден значаен резултат на меѓународната сцена освојувајќи го среброто на силниот турнир.