Хаос во Милано: Навивачите го нападнаа Ибрахимовиќ – стадионот го напушти со обезбедување!

Екипата на Милан се наоѓа во еден од најтешките периоди во поновата историја, откако неочекуваниот пораз од Каљари (1-2) на домашен терен значеше губење на пласманот во Лигата на шампионите за следната сезона.

Тренерот Масимилијано Алегри е во центарот на кризата, а неговата иднина сега зависи од одлуката на сопственикот Џери Кардинале и управата на „Ред Бирд“. По натпреварот, Алегри не понуди изговори и јасно порача дека нема намера да поднесе оставка.

„Се браневме очајно како тим. Немам што да им забележам на играчите, но сум разочаран и лут. Со тешко срце мора да го прифатиме овој резултат“, изјави Алегри.

На прашањето за оставка, тој беше дециден.

„Нема да поднесам оставка. Потребна е ладна глава за анализа“, дополни се уште тренерот на „росонерите“.

Дополнителен хаос се случуваше и надвор од теренот. Навивачите беа бесни, па дел од фрустрацијата насочија кон управата – сопственикот Кардинале и советникот Златан Ибрахимовиќ беа испратени од стадионот под силно обезбедување, а Ибрахимовиќ бил и исвиркан од дел од навивачите, меѓу кои имаше што се обидоа да го нападнат.

Според италијанските медиуми, во клубот владее тишина и напната атмосфера, додека раководството размислува за можни радикални потези. Во следните денови се очекува клучна одлука – дали Милан ќе продолжи со Алегри или ќе започне нов циклус по катастрофалната завршница на сезоната.