Паника во Аргентина: Меси се повреди на само две недели пред стартот на СП 2026!
Аргентинецот излезе од игра во 73. минута на дуелот против Филаделфија Јунион (6-4), во натпревар во кој во првото полувреме имаше две асистенции, но во 71. минута почувствува болка во задната ложа на левата нога и сам побара измена. По замената со Матео Силвети, осумкратниот освојувач на „Златната топка“ веднаш се упати во соблекувалната, без да остане на клупата, иако се движел самостојно.
Дуелот се играше во тешки услови поради силен дожд, што дополнително го направи теренот лизгав, а засега не е познато дали станува збор за сериозна повреда или само мерка на претпазливост. Победата на Интер Мајами ја потврди Родриго Де Пол со гол во судиското продолжение.
Меси досега има настапено на пет Мундијали и е двократен освојувач на наградата за најдобар играч на турнирот, а Аргентина го брани титулата освоена во 2022 година. „Гаучосите“ својот прв меч на претстојното СП го игра на 16 јуни, а Меси останува под знак прашалник во пресрет на турнирот во САД, Канада и Мексико, кој официјално почнува на 11 јуни.
ФОТО: www.britannica.com