Пеколен старт на Вимблдон: Синер по пет сета го елиминира Кецмановиќ
Кецмановиќ беше одличен од самиот почеток и го доби првиот сет со 6-4, додека Синер возврати во следниот и славеше со 6-3.
Големата борба продолжи во третиот сет, каде што победникот се решаваше во тај-брејк во кој Кецмановиќ стигна до 8-6.
Синер го скрши отпорот на Србинот во четвртиот сет и си убедливи 6-2 израмни на 2-2 во сетови, а потоа во следниот успеа да слави со 6-3.
Италијанецот во следното коло на Вимблдон ќе се соочи против Нуно Боржес.