Олисе побарал состанок со Баерн Минхен поради Реал Мадрид!
Олисе наводно не останал имун на повиците на „кралевите“, иако баварскиот гигант веќе соопшти дека нема да го продаде ниту за 200 милиони евра.
Во редовите на Баерн постои страв дека повиците од Реал Мадрид внеле немир кај францускиот репрезентативец и би можеле да го загубат летово.
Олисе минатата сезона блесна во дресот на Баерн и постигна 22 голови и 31 асистенција во сите натпреварувања.
Фото: Facebook/FC Bayern München