Познати се составите: Анчелоти нема да експериментира против Јапонија
Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти реши да излезе на терен со идентичен состав како на дуелот против Шкотска, а од друга страна Јапонија ќе игра во најсилен состав.
Бразил ќе настапи со Алисон, Данило, Маркињос, Габриел, Даглас Сантош, Касемиро, Бруно Гимараеш, Пакета, Рајан, Винисиус и Куња.
Јапонија ќе игра со Сузуки, Танигучи, Доан, Маеда, Накамура, Ито, Камада, Уеда, Хорики Ито, Томијасу и Сано.
Натпреварот меѓу двете селекции е закажан со почеток од 19 часот.