Добри вести за Ѓоковиќ: Испадна најтешкиот ривал на патот кон осминафинале на Вимблдон

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ доби добри вести пред почетокот на Вимблдон, откако испадна еден од најтешките потенцијални ривали на патот до осминафинале, односно Андреј Рубљов беше елиминиран од Роман Сафиулин со 2-3 во сетови.

Рубљов, кој беше 12. носител на турнирот, важеше за најголема пречка на Србинот на патот кон осминафинале на турнирот и според проекциите тие требаше да се сретнат во шеснаесетинафинале финале.

По елиминацијата на Рубљов, најтежок ривал на Ѓоковиќ на патот кон осминафинале би можел да биде Бразилецот Жоао Фонсека.