Финалистката од Ролан Гарос елиминирана на стартот на Вимблдон

По неверојатниот настап на Ролан Гарос, Маја Хвалинска од Полска доживеа дебакл на Вимблдон, откако во првото коло од турнирот загуби од Мананчаје Савангкаев со 1-2 во сетови, односно 6-2, 5-7 и 2-6.

Хвалинска стигна до финалето на Ролан Гарос, но немаше среќа на Вимблдон да продолжи со добрите резултати бидејќи се повреди на средината на вториот сет, а проблемите со зглобот на крајот скапо ги плати.

Тенисерката од Полска имаше шанса со добар настап на Вимблдон да напредува уште повеќе на ВТА-листата и да влезе во топ-20 во светот, меѓутоа ќе мора да почека за такво нешто.