Ден за спектакли на СП: Бразил, Германија и Холандија бркаат четврт-финална виза!
Програмата ја отвора пресметката меѓу Бразил и Јапонија (19 часот). Бразилците важат за едни од главните фаворити за светската титула, но Јапонците веќе покажаа дека можат да им создадат проблеми и на најсилните. Тоа го потврдија и во пријателскиот натпревар минатата година, кога направија пресврт и победија го победија фаворитот (3-2). „Кариоките“ ја завршија групната фаза без пораз, со седум освоени бода и гол-разлика 7-1, а селекторот Карло Анчелоти за оваа средба нема да може да смета на повредените Рафиња и Весли Франса.
„Ќе мора да покажеме челичен менталитет, огромно срце и кристално јасни идеи на теренот. Во нокаут-фазата мора да бидете подготвени на сè, бидејќи еден детал може да промени сè“, порача Анчелоти.
Во вториот натпревар, Германија ќе се соочи со Парагвај (22.30 часот). Иако „панцерите“ се големи фаворити, Јужноамериканците со добрите игри во групната фаза заслужено стигна до елиминациската рунда и се надева на ново изненадување. Селекторот Јулијан Нагелсман предупредува дека нема простор за опуштање.
„Тие се исклучително незгоден противник, тим кој ќе го извлече последниот атом сила од нас. Но, вечерва едноставно мора да победиме“, порача Нагелсман.
Најнеизвесниот дуел на денот се очекува да биде пресметката меѓу Холандија и Мароко. Двете селекции ја завршија групната фаза без пораз. Холанѓаните беа први во својата група со седум бода и дури десет постигнати голови, додека Мароканците исто така освоија седум бода, но завршија зад Бразил поради послабата гол-разлика. Мароко ќе се обиде да потврди дека историскиот пласман во полуфиналето на претходниот Мундијал не бил случајност, додека Холандија сака да го продолжи патот кон уште еден голем резултат.
Во четвртфиналето веќе се пласира Канада, која со гол во судиското продолжение ја совлада Јужна Африка со 1-0 и стана првата селекција што обезбеди место меѓу осумте најдобри на Светското првенство 2026.
ФОТО: @futebol_info