Симеоне нема ништо против - Алварез може да оди во Барселона
Такво нешто беше најавено и минатата недела, а се повторува како што се зголемува драмата околу аргентинскиот репрезентативец. Медиумите во Шпанија тврдат дека Симеоне не сака да има незадоволен фудбалер во својот тим, особено кога од него се очекува најмногу во сезоната што претстои.
Освен тоа, тој смета дека по изјавите на Алварез, за него нема враќање назад бидејќи постојано ќе биде на удар на навивачите.
Прашање е, сепак, дали раководството на Атлетико ќе го послуша тренерот и ќе ја прифати понудата од Барселона. За клубот тоа повеќе не е прашање за пари, туку на гордоста и достоинството на Атлетико и затоа толку цврсто стои зад одлуката да не го продаде својот напаѓач во актуелниот шпански шампион.