Хаос во таборот на Германија: Фудбалерите креваат бунт против Нагелсман!

Во германската репрезентација владее незадоволство пред денешниот осминафинален натпревар против Парагвај, откако дел од фудбалерите побарале појасна комуникација од селекторот Јулијан Нагелсман околу неговите планови за нокаут-фазата на Светското првенство.

Според „Билд“, играчите сметаат дека Нагелсман премалку комуницира со нив надвор од тренинзите, поради што владее неизвесност околу составот и улогите во тимот. Наводно, тие биле изненадени кога на прес-конференција открил дека нема да прави поголеми промени за дуелот со Еквадор, иако на последниот тренинг воигрувал напаѓачко трио составено од Флоријан Вирц, Лерој Сане и Максимилијан Бајер. На самиот натпревар, сепак, во стартниот состав се најде Џамал Мусијала.

По поразот од Еквадор, Нагелсман им објаснил на играчите дека сакал да им даде шанса на што повеќе репрезентативци и дека градењето на тимскиот дух му е приоритет. Од 26-те фудбалери во германската експедиција, само четворица сè уште немаат настап на Мундијалот. Најголемо незадоволство, според извештајот, владее околу статусот на напаѓачот на Њукасл, Ник Волтемаде. Тој беше стандарден првотимец во квалификациите, со четири гола на шест натпревари, но последните четири меча ги мина на клупата. Предност во нападот добиваат Каи Хаверц и Дениз Ундав.

Германија денеска важи за фаворит против Парагвај (22.30 часот) во шеснаесетина финалето, а евентуален триумф би можел да ѝ донесе осминафинален дуел со Франција, доколку Французите ја оправдаат фаворитската улога против Шведска.