Ѓоковиќ ја мина првата пречка на Вимблдон - не беше лесно!

Новак Ѓоковиќ имаше победнички старт на Вимблдон откако со 3-1 го совлада кинескиот тенисер Јибинг Ву.

Српскиот тенисер добро се испоти за да го совлада Кинезот кој е на 102. место на АТП листата.

Ноле го доби првиот сет со 6-4, но потоа возврати Ву со 7-5 и изедначи на 1-1 во сетови.

Во наредните два сета Ѓоковиќ не дозволи изненадување, иако и тие не беа убедливи, ги доби со 6-4 и 6-4.

Дерби меч го очекува Новак во второто коло на Вимблдон, ќе игра против Циципас кој со 3-0 го совлада Гастон денеска.