Вемба фанастичен: Сан Антонио го растури шампионот и изедначи во финалето на Западот (ВИДЕО)
Францускиот феномен одигра уште една неверојатна партија и беше апсолутен лидер на Спарс, додека одбраната на тимот целосно го уништи нападот на Оклахома, која остана на најмал број постигнати поени сезонава. Вембањама го одбележа натпреварот и со спектакуларна тројка од повеќе од половина терен со звукот на сирената на крајот од првото полувреме.
Тандер, кој лесно ги мина првите две плејоф-рунди, сега се соочува со сериозен проблем. Тимот имаше катастрофална шутерска вечер, погодувајќи само шест тројки од 33 обиди, а запиша и 20 загубени топки. Шеј Гилџес-Александер беше ограничен на само 19 поени со слаб шут од игра, откако Спарс направи тактичка промена и постојано го затвораше со повеќе играчи под кошот.
„Нашиот идентитет е одбраната. Во претходните натпревари не бевме вистинскиот тим, а сега многу подобро ротиравме и ги тераме на тешки шутеви“, изјави Девин Васел.
Дополнителен мотив за Спарс бил и жестокиот говор на легендарниот Грег Попович по поразот во третиот меч. Според Де'Арон Фокс, Попович првпат сезонава влегол во соблекувалната веднаш по натпревар и остро им се обратил на играчите.
„Ни рече: ‘Ова е срање, ние не играме ваква кошарка’. Тоа беше првпат цела сезона директно да ни каже што чувствува“, откри Фокс.
Покрај Вембањама, важен придонес дадоа и Фокс со 12 поени, 10 скока и пет асистенции, како и Стефон Касл со одлична одбрана. Серијата сега се сели назад во Оклахома, каде што во вторник ќе се игра петтиот натпревар.
ФОТО: X / @spurs