Реал планираше денеска да го потврди Мурињо, но работите се променија!

Реал Мадрид сакаше на 25. мај да го претстави Жозе Мурињо како нов тренер, но навивачите ќе почекаат уште две недели, но само ако Флорентино Перез ги добие изборите.

Енрике Рикелме во последен момент поднесе кандидатура за претседател на Реал Мадрид, му фрли ракавица на Флорентино Перез, а тоа значи дека ќе има избори.

Изборите ја одложија идејата на Реал да го презентира Мурињо на 25. мај.

Претставувањето на Португалецот ќе се случи за две недели, кога ќе завршат изборите и само ако победи Флорентино Перез.

Тој е огромен фаворит на изборите и сите очекуваат сигурна победа, но доколку се случи изненадување и Рикелме седне на претседателското столче, тогаш Жозе Мурињо воопштно нема да стане тренер на Реал Мадрид.