Ѓоковиќ во четири сета ја мина првата пречка на Ролан Гарос и тоа со – нов рекорд!
Српскиот ас истовремено испиша и нова историја во светскиот тенис, станувајќи прв со 82 учества на гранслем турнирите. Пред почетокот на турнирот, Ѓоковиќ го делеше рекордот со Роџер Федерер и Фелисијано Лопез, кои имаа по 81 настап. Францускиот тенисер, кој моментално е 80. на АТП-листата, одлично го отвори мечот и успеа да го освои првиот сет со 7-5. Во вториот сет, Перикар долго време му парираше на фаворитот, но Ѓоковиќ при 5-5 направи клучен брејк и го доби сетот со 7-5.
Потоа следуваше целосна доминација на српскиот тенисер, кој третиот сет го доби убедливо со 6-1, а во четвртиот направи решавачки брејк во средината на сетот и со 6-4 го завери пласманот понатаму. Во следната рунда, Ѓоковиќ ќе игра против Валентин Ројер, кој во првото коло со максимални 3-0 го елиминираше Уго Делиен.